Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Maнчестер Јунајтед претрпе тежок пораз во градското дерби против Манчестер Сити од 4:1.
Пред овој натпревар се појави изненадувачка вест дека Роналдо нема да биде во составот, Рагник изјави дека бил повреден, но изгледа дека не е баш така. Уште вчера дел од медиумите на Островот пишуваа дека Роналдо не е повреден туку не сакал да биде во составот кога дознал дека нема да биде стартер.
Овие шпекулации ги подгреа сестрата на Роналдо, Катја Авеиро која стави „лајк“ на пост со ваква содржина.
„Роналдо не е повреден и не е болен. Тој е 100% спремен. Добро утро на вас кои како мене сте тажни затоа што Рагник одлучи да ни ја уништи неделата со тоа што од тактички причини го тргна Роналдо од составот против Манчестер Сити“, стои во постот.
Дали има вистина во овие информации времето ќе покаже, но „лајкот“ на сестрата на Португалецот дефинитивно може нешто да значи.