Еден куп нови дојави за подметнати бомби – на мета и претседателската вила на Водно, трговски центри, музеи, спортски објекти


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Утрово македонската јавност ја вознемирија серија нови дојави за бомби кои пристигнале на адресите на повеќе институции, трговски центри, спортски објекти, во Вила Водно кај претседателот на државата.

-Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, се вели во соопштението од МВР.

Дојави за наводно поставени бомби има повторно и во училиштата во Скопје. Сите досегашни дојави за бомби беа лажни.