Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Британскиот весник The Economist објави текст во врска со именувањата на аеродромите на Балканот со имиња кои ги вознемируваат соседите.
Текстот со наслов „Терминали со став: Преименувањето на балканските аеродроми со цел да се нервираат соседите“ тврди дека играта околу именувањето на аеродромите ја започнаа Грците со преименувањето на аеродромот во Солун во „Македонија“ во 1992 година.
„Грција и Македонија се во спор од прогласувањето на македонската независност во 1991 година; Грција вели дека името Македонија имплицира територијални аспирации кон делот на историска Македонија, која се наоѓа во Грција. Македонците возвратија во 2007 година, со промена на името на аеродромот во Скопје во „Александар Велики“, по освојувачот од античкиот период на Грција, кој го присвојуваат двете земји. Сепак, новата влада во Македонија сака подобри односи со Грција, па така е можно да има нова промена на името“, се вели во текстот.
Економист како друг пример за именување на аеродром со цел провокација на соседите го наведува и аеродромот Фрањо Туѓман во Загреб, кој што е татко на хрватското национално движење.
„Тој водеше жестока војна против хрватските Србија што ги поддржуваше Србија и кои создадоа отцепена српска република на третина од територијата на Хрватска“, пишува во статитјата.
Друг пример е аеродромот Никола Тесла, како што е именуван аеродромот во Белград.
„Тесла бил Србин, роден во 1856 година на територија на Хрватска, но емигрирал во Америка, и Србите и Хрватите го сметаат за свој. Од 2006 година белградскиот аеродром е именуван по него, нешто што им пречи на одредени Хрвати“, се вели во текстот.
– По 18 години од завршувањето на војната на Косово, и натаму не можете да летате од „Никола Тесла” на „Адем Јашари“, во чија чест приштинскиот аеродром го носи името од 2010 година. Јашари беше еден од основачите на Ослободителната војска на Косово, кој беше убиен заедно со голем број членови на семејството по српската опсада на неговото упориште во 1998 година. Денес, тој е херој за косовските Албанци, а за Србите е ѓавол, пишува весникот.