Е ова се викаат субвенции: Ќе плаќаат пари за луѓето да одат со велосипеди на работа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Предлогот сите вработени кои на работно место ќе одат со велосипед да добиваат паричен надомест по изминат километар доаѓа од каде, ако не од владините институции на Холандија. Поточно, тоа е предлог на холандското министерство за инфраструктура.

„Да излеземе од автомобилите и да ги земеме велосипедите. Целта ни е да придобиеме уште 200.000 луѓе кои со велосипедите ќе поминат три милијарди километри повеќе“ – изјавила Стиентје ван Велдховен, од ресорното министерство.

Според тој предлог секој жител кој на работи оди со велосипед би можел да добие по 19 центи за секој километар.

Тамошната влада планира и субвенции за купување на велосипед, но и додатни 100 милиони евра за зголемување на бројот на велосипедски патеки.