Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Како што идат годините, така некако кај нас се намалува автентичното снежно доживување на зимскиот период од годината.
Загрижувачки е што, како што тргнала работава, ако сакате да се дружите со снегот, ќе морате над 2.000 метри надморска висина, на падините од нашите планини. Не дека тоа е лошо, напротив – прекрасно, здраво и корисно е. Но, снегот не е потребен само за забава и уживање, туку и за нормален тек на нештата во текот на останатите годишни времиња.
За разлика од кај нас, во некои други краишта на светот, снегот и понатаму им прави слатки, но и сериозни проблеми на луѓето. На пример на жителите на Камчатка.