Џек Ма од Алибаба до Трамп: Кога ќе запре трговската размена, почнува војна


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кинескиот милијардер и сопственик на компанијата Алибаба Џек Ма кој го посети американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека неговата компанија ќе отвори еден милион работни места во САД, предупреди дека војната почнува тогаш кога ќе престане трговската размена: На светот му треба глобализација, му треба трговија, пренесува Индипендент.

Зборувајќи во Мелбурн на отворањето на седиштето на Алибаба за Австралија и Нов Зеланд, Џек Ма предупреди дека сите се загржиени за трговските војни: Ако престане трговијата, почнува војна, предпреди тој.

Новозибраниот претседател на САД веднаш на почетокот на мандатот донесе одлука за повлекување на САД од Транспацифичкиот трговски договор, тврдејќи дека станува збор за потенцијална катастрофа за САД, што предизвика бурни реакции на земјите потписнички на договорот.

Сепак, загриженоста не го решава проблемот, истакна Ма. Единственото нешто што можеме да го направиме е да се вклучиме и активно да покажеме дека трговијата им помага на луѓето да комуницираат. Треба да имаме фер, транспарентна и инклузивна трговија.

Во говорот еден месец по средбата со Трамп, кинескиот милијардер кажа дека светот е во интересен период кога е во потрага по нов лидер.