Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Непосредно пред одржувањето на претстојните локални избори е забележан позначаен раст кај бројката на предвидени станови за градење. Државниот завод за статистика пресметал дека во март 2017 година биле издадени одобренија за градење на 929 станови со вкупна корисна површина од 75.886 метри квадратни. Споредено со истиот месец лани, бројката на предвидени станови за градење е зголемена за 76,3 насто, додека нивната површина пораснала за 78,4 насто. Идните живеалишта ќе ги градат првенствено деловните субјекти, кои успеале да добијат градежни дозволи за 542 станови.
Инвеститорите во овој вид недвижности се најмногу заинтересирани за изградба на трисобни 275 и на двособни станови 267. Скопскиот регион со издадени одобренија за градење на 469 станови останува најпримамлив за вложување во вакви објекти. На ниво на општини, најмногу станови во март започнале да се градат во општина Гостивар 191, а по неа следуваат општина Струга со 173 и скопската општина Карпош со 142 предвидени станови за градење.
Зголемена активност во обезбедувањето на градежни дозволи е забележана кај сите субјекти од градежниот сектор. Во март 2017 година биле издадени 384 одобренија за градење, што е за 95,9 насто повеќе во однос на идентичниот период лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 6.995.016.000 денари, што е за 139,1 насто повеќе во однос на март 2016 година. Од вкупниот број на одобренија за градење, 232 (60,4 насто) се наменети за објекти од високоградба, 63 (16,4 насто за објекти од нискоградба и 89 (23,2 насто) за објекти за реконструкција. Од вкупно 384 објекти, на 245 (63,8 насто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 (36,2 насто) објекти инвеститори се деловни субјекти.