ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ НА ЕУ: Референдумот во Македонија „успешен“ со 36,9 %, а неуспешен во Каталонија со 43,03 %


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Европската унија, како синоним за праведно и напредно општество и друштво на држави, во кое се почитуваат Уставот и законите, и на кое сакаме да му се приклучиме, во рок од две години покажува две различни формули и стандарди за пресметување на процентите, цензусот и за тоа што е успешен и неуспешен референдум, пишува порталот Денешен.

Денеска уште не беа официјално соопштени бројките од референдумот за промена на името на Република Македонија, а веќе од Брисел во Скопје пристигнаа „поздрави за успешноста“ на референдумот за Северна. Но, само пред една година, од Брисел во Барселона стигна сосема поинаква порака – дека референдумот за прогласување самостојност на Каталонија е неуспешен оти не бил остварен цензус.

Еве ги бројките (и во табелата подолу) за двата референдума: „успешниот за смена на името на Македонија“ и „неуспешниот за осамостојување на Каталонија“ од Шпанија.

Процентот на излезност на референдумот во Македонија е 36,9 и тој за ЕУ, како и за Стејт департментот е „успешен“ и „треба да се почитува волјата на граѓаните кои гласале“. А процентот на излезност на референдумот во 2017 година во Каталонија е 43,03 отсто и поради тоа тој е прогласен за неуспешен од Брисел.

Очигледно нешто не е во ред со математиката на ЕУ, ако 36,9 е повеќе од 43,03 проценти!?

А подолу еве ги и изјавите на бриселските функционери за вчерашниот референдум:

– Парламентот сега ќе биде повикан да продолжи со следните чекори за имплементација на спогодбата со одлука за усвојување на уставните измени, се вели меѓу другото во заедничката изјава на високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска издадоа заедничко соопштение по повод референдумот во Македонија.

Тие повторуваат дека Договорот со Атина создаде историска шанса за Македонија да и се приклучи на евроатлантската заедница како еднаков член.

– Ова би го променил животот на луѓето во земјата и на нивните деца на подобро, велат Туск и Столтенберг.

Тие додаваат дека на вчерашниот референдум „огромно мнозинство на оние кои гласаа“ го поддржаа токму тој пат.

– Сега е во рацете на политичарите во Скопје да одлучат за патот понатаму. Одлуките кои ќе ги донесат во наредните денови и недели ќе ја одредат судбината на нивната земја и нивниот народ за многу генерации.

– Ги охрабруваме да ја зграпчат оваа историска прилика, велат ЕУ и НАТО.

За шансите и великодушноста: Зошто функционерите на ЕУ истата шанса не и ја дадоа да ја зграпчи и на Каталонија, која имаше многу поголем одѕив на ланскиот референдум?

Извор: Димитар Грумар за Денешен