Home Шоубизнис Двојникот на канадскиот премиер Џастин Трудо е авганистански пејач на свадби

Двојникот на канадскиот премиер Џастин Трудо е авганистански пејач на свадби

Медиумите го открија „допелгангерот“ на канадскиот пејач Џастин Трудо. Неговиот двојник се вика Абдул Салам Мафтун и е пејач на свадби во Авганистан. Типот учествуваше и на авганистанската верзија на „Американски идол“ за откривање на таленти.

Во последно време Абдул го сврте светското внимание врз себе благодарение на неодоливата сличност со канадскиот премиер Џастин Трудо, со кој неверојатно многу си личат.

29-годишниот пејач од североисточната провинција Бадакшан изјави дека не знаел за Трудо сè додека не ја видел неговата фотографија на социјалните мрежи.

„Луѓето ми го заборавија името и сега едноставно ме викаат Џастин Трудо“, вели Мафтун за AFP, потенцирајќи дека таквото внимание ќе му биде од помош на телевизискиот натпревар во пеење на кој учествува, Afghan Star.

Кога станува збор за вокалниот талент, Мафтун ја освои публиката со неговите изведби на романтични народни песни, кои се пејат во Дари и Пашто.

Мафтун е еден од единаесетмината натпреварувачи кои ќе ја имаат шансата да победат на Afghan Star, чие финале ќе биде во март.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…