
Институциите и владината зграда двојазични табли со новото име на државата ќе добијат после завршувањето на претстојните претседателски избори. Владиниот ген-сек, Драги Рашковски, изјави дека тоа ќе се реализира после изборите бидејќи не е можно распишување тендери за време на предизборен и изборен процес согласно Иборникот законик.
Тој додаде дека е задоволен од примената на Законот за употреба на јазиците и дека досега институциите речиси и да не правеле опструкции.
Најголема помош, како што рече Рашковски, ќе треба за новоформираната Агенција за спроведување на законот и првите кадровски решенија ќе бидат од Генералниот секретаријат. Тој додаде дека месец и половина од донесувањето на законот се потврдило дека тоа не е вовед во промена на државно уредување, туку се унапредиле правата на заедниците. ,,Законот е на прав пат да го доживее своето светло”, додаде Рашковски.