Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доколку ги послушате овие совети и се посветите на целиот внатрешен живот, сигурно ќе привлечете кон себе партнер каков што отсекогаш сакате. Потребно е тоа вистински да го сакате и да се надевате на најдобро.
1. Престанете да го занемарувате својот приватен живот
Работата и обврските се важен дел од нашето секојдневие, но не смеат да станат приоритет. Кога она што го мораме ни станува најважна работа во животот, потоа немаме време да се посветиме навистина на она што го сакаме, а во тоа спаѓа и љубовта.
Не ги запоставувајте пријателите, хобито, омилените активности, бидејќи така ќе научите да им кажете да на позитивните работи и позтивните луѓе. Ако сме незадоволни од својот живот, полесно ќе прифатиме односи кои нас не не задоволуваат и не прават несреќни. Никогаш не прифаќајте помалку од она што заслужувате.
2. Научете да прифатите
Немојте постојано да инсистирате на тоа се да плаќате сами или постојано да ја делите сметката, немојте да ги одбивате кавалерските постапки како отворање врата или придржување на капутот. Сето ова може сега ви се чини неважно, но момците на овој начин ја искажуваат својата приврзаност и љубов. Тие сакаат да почувствуваат дека ви се потребни, па со прифаќање на нивните знаци на внимание ќе се зацврстат нивните чувства кон вас.