Двете помрачувања на Сонцето кои ги сними Curiosity од Марс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истражувачкиот ровер на НАСА, Curiosity, кој во 2012 година слета на површината од Марс, беше опремен со опрема и систем за набљудување на помрачувањата на Сонцето.

Соларните филтри со кои беше опремена камерата Маст му овозможува на роверот да прави видливи снимки насочен директно во Сонцето, што во последните неколку недели се покажа како корисна инвестиција.

На Земјата потоа праќаше спектакуларни фотографии од замрачувањето на Сонцето, кои го предизвикале Фобос и Деимос, двете месечини на Марс. Роверот ја сними сенката од Фобос на 26 март, а од Димос на 17 март како поминуваат преку Сонцето, гледано од Марс.