Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дури и најсилните кои секогаш држат до себе и своите потреби прават грешки кога е љубовта во прашање. Во продлжение погледнете кои се двете грешки кои барем еднаш ги направил секој од нас.
Преминувате преку престапите на партнерот кои вас длабоко ве прават несреќни
Некои постапки едноставно не можат да се простат. Постојат парови кои можат да преминат преку неверство или навреда, и повторно да стекнат доверба, но тоа се случува само кога другата страна која е виновна за овие престапи искрено жали поради нив и го промени своето однесување на подобро.
Без тоа нема простување и доверба. Ако на вашиот партнер сте му објасниле што длабоко ве повредило, но тој и натаму тоа го прави, преминувањето преку тоа нема да ве направи среќни. Психолозите предупредуваат дека игнорирањето на долгорочните проблеми се штетни за врската или бракот, и понекогаш е подобро да влезете во кавга отколку да молчите за она што ве мачи. Ако проблемот не може да се реши, а вие и натаму сте несреќни, тогаш е подобро да ја прекинете врската отколку да останете во неа.
Ги занемарувате своите потреби на сметка на оние на партнерот
За да воспоставите здрав однос, не само љубовен туку и пријателски, себеси морате да се ставите на прво место. Жените често имаат потреба максимално да да му угодат на својот партнер во сите аспекти на заедничкиот живот и истовремено да ги занемарат своите потреби.
Секогаш се прилагодувате на неговиот распоред, готвите само она што тој го сака, во најинтимните моменти важно е тој да биде задоволен, а вие самоволно играте споредна улога. Сите овие ситуации во кои не мислите на себе, а би требало. Запаметете дека темелот на секоја врска е компромис и еднаквост, а вие сте еднакво важни како и вашиот партнер.