Двејн Вејд: „Нашиот син ни кажа дека сака да живее како жена и го прифативме тоа“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


НБА легендата Двејн Вејд, на гостувањето во шоуто од Елен Деџенерис, откри дека неговиот 12 годишен син Зион одлучил во иднина да живее како жена.

Вејд соопшти дека 12-годишниот Зион побарал од него и неговата сопруга во иднина да го викаат Заја.

„Зион дојде дома и ни кажа: Сакам да зборувам со вас, спремен сум да отстапам и да живеам онака како што сакам. Сакам да ми се обраќате со таа и да ме викате Заја“, откри Вејд во емисијата „Тhe Ellen Show“.

Пoтоа објасни дека тој и сопругата Габриеле прифатиле.

„Улогата и обврската на родителот е да го сослуша детето и да го најде најдобриот начин да му помогне“.

Сопругата на Вејд, Габриела исто така се огласи: „Таа е стравствена и горди сме на неа. Сакајте ги и почитувајте ги вашите деца какви и тие да се“, истакнаа сопругата на Вејд.