Две вистини во една приказна: Не е секој „сељак“ за BMW и нема криење од германската полиција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сопственик на скап и бесно модифициран BMW i8 остана без својот миленик на четири тркала откако дивееше со луди брзини по германските улици и учествуваше на нелегални трки, па го споделил видеото на Фејсбук.

Видеото било снимено од полицијата , која можела да види дека го вози БМВ со 200 км на час на пат каде што било дозволено 100км/час.

На почетокот на февруари, германската полиција започнала истрага и наскоро го лоцирала 40-годишниот сопственик во градот Кајзерслаутерн. Скапиот БМВ бил пронајден скриен во гаражата и веднаш е запленет. Полицијата проценува дека автомобилот, приспособен за трки , имал дополнителна опрема во вредност од околу 160.000 евра, додека BMW i8 чини околу 350.000 евра.

Полицијата соопшти дека имало многу нелегални модификации, вклучително и изменета воздушна суспензија. Поточно, автомобилот бил толку низок што им требало еден час да го извлечат неоштетен од гаражата. Поради брзото возење и учеството во нелегална авто трки според сегашниот закон од 2017 година, сопственикот ја загуби и возачката дозвола.