Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
И покрај инцидентот со подметната лажна бомба, се било мирно, уверуваат градските власти. Изминатите две фестивалски вечери на 17 – иот Пиво фест, според информациите добиени од Полициската станица од нашиот град, поминаа без ниту еден инцидент и во пријатна атмосфера, истакна градоначалникот Илија Јованоски.
„Задоволни сме што синоќа имавме голем број на гости кои ги проследија изведбите на Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ, составот Кантурови и балканската мега ѕвезда Светлана Ражнатовиќ. Добро надополнување и оваа вечер беа алтернативните содржини како и настапите на камената бина. Сите оние кои сакаа да ја расипат вчерашната журка не успеаа, благодарение на брзата интервенција на екипите на МВР, сето тоа помина незабележително, без паника и проблеми. Сакам да апелирам дека сето оваа се одразува на имиџот на нашиот град и е на голема штета на прилепчани. Да напоменам дека во овие две вечери во Полициската станица немало пријавено ниту еден инцидент“, истакна градоначалникот Јованоски.
(ВИДЕТЕ ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА НА ПИВОФЕСТ)
Досега е мирно на фестивалот и така очекувам да продолжи и ова со т.н „бомба” не е поврзано со фестивалот. Очекувам МВР да ги преземе сите дејства, рече Јованоски на прес-конференција за одржувањето на „Пивофест”.
Голем интерес овие две вечери побудија и алтернативните простори кои содржински го надополнија овој фестивал со цел задоволување на сите вкусови.
„Чест и задоволство е да се настапи пред домашна публика, особено на еден значаен и голем фестивал како што е Пиво Фест, фестивал со кој ние сме пораснале. Алтернативната сцена преку јавен простор за овој Пиво фест е под мотото „Излезете да се запознаеме“. Публиката не прифати одлично со позитивна реакција. Имавме доста идеи кои се на големо задоволство прифатени“, истакна Љупчо Трајаноски од бендот Daltofians.
Андријана Дуковска, додаде дека на Јавен простор нуди нешто што досега недостасувало во Прилеп.
Нашиот новоформиран бенд Daltofians имаше свој настап на првата вечер на Јавен простор. Бендот, спојува два правци, класична музика и рок, кој е добро прифатен од публиката“, истакна Андријана Дуковска од Daltofians.
За забавата и оваа вечер да помине во пријатна атмосфер на главната бина на Пиво фест 2019 свои настапи ќе имаат The Hounds, Влатко Стефаноски Трио, групата Фрајле и Нокаут.