Две третини од американската Y генерација не знаат што е Аушвиц


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Резултатите од една неодама направена студија покажаа дека две третини од американските млада генерација позната како „генерација Y“ или милениумци (родени во и после 2000-та година) не знаат да кажат што е „Аушвиц“.

Истражувањето, исто така, упатуа дека знаењето за геноцидот во кој загинаа повеќе од шест милиони лица во текот на Втората светска војна не е големо ниту кај возрасните Американци.

Дури 22 отсто од милениумците истакнале дека не слушнале или не се сигурни дали слушнале за . Тоа е двапати поголем процент од оној на возрасните што го дале истиот одговор.

Истражувањето било спроведено од страна на Конференцијата на еврејските материјални побарувања од Германија, која интервјуирала 1.350 возрасни Американци во февруари.

На прашањето што е „Аушвиц“, 41 отсто од анкетираните и 66 отсто од милениумците не знаеле да кажат дека тоа е концентрационен логор. Ова бил најголемиот концентрационен логор изграден од страна на нацистите.

Сепак, испитаниците покажале поголема свесност за она што се случува денес, па 68 отсто истакнале дека антисемитизмот денес е присутен во Америка, а 51 отсто истакнале дека денес во САД има многу неонацисти.

Покрај недостигот од знаење, истражувачите наишле и на желба за едукација, па 93 отсто од испитаните истакнале дека сите ученици треба да учат за холокаустот. Дури 58 отсто веруваат дека настан сличен на холокаустот би можел да се случи повторно.