Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
И по цели две недели од трагедијата во која 14 лица го загубија животот во пожарот кој ја зафати тетовската модуларна болница, од обвинителството не се откриваат никакви сознанија за текот на истрагата.
Велат, се чекаат вештачењата како и извештаите на германскиот тим форензичари. Но додаваат дека интензивно се прибираат докази, местото на пожарот и понатаму ќе остане обезбедено доколку е потребно пак да се изврши увид, а од Технолошкиот факултет ќе се чека градежно вештачење.
„Сослушани се повеќе лица кои можат да дадат податоци за настанот, меѓу кои и медицинскиот персонал, претставници од проектната единица при МТСП, лица вработени во надлежните институции кои ја спровеле постапката за јавна набавка и поставување на модуларната болница, членови на семејствата на починатите“, велат од Јавното обвинителство.
Вчера Дојче Веле објави документи според кои Планот за заштита од пожар во тетовската модуларна болница бил во надлежност на в.д. директорот Флорин Бесими, кој си поднесе оставка, и друго одговорно лице од болницата,a истиот требало да се реализира на почетокот на работата на монтажниот објект. Премиерот Заев не сакаше да ги коментира овие документи, но тврди дека спецификацијата за модуларните болници е иста како и секаде во светот и очекува истрагата што поскоро да даде одговори што се случило и кои се причините за избувнувањето на пожарот по што ќе одлучи и за оставките на директорите и министерот за здравство .
Документацијата за реализацијата на сите модуларни болници во земјава ја проверува обвинителката Вилма Русковска која ги очекува и другите извештаи, а пред неколку дена откри дека првичниот увид покажал дека наши експерти ја направиле а потоа Светска Банка ја корегирала техничката документација за изградбата на модуларните болници, а ќе се истражува дали се испочитувани процедурите за јавната набавка.