Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот јавен обвинител побара затворска казна од две години за Нејмар поради корупција при неговиот трансфер од Сантос во Барселона.
Поради проневера на финансиски средства и неплатен данок при трансферот на фудбалерот од Сантос во Барселона, јавниот обвинител побара затворска казна од две години за Нејмар и 5 години за поранешниот претседател Сандро Росел.
Исто така, фудбалскиот клуб Барселона би можел да плати парична казна од 195 милиони евра, поради тоа што го оштетиле буџетот на државата Шпанија.
Сепак, и да ја добие највисоката казна, Нејмар нема да отиде зад решетки бидејќи според шпанскиот закон, ако добие затворска казна од две или помалку години а претходно не бил осудуван, има право на финансиско нагодување со судот.