Две години условно за Јанакиески во случајот за кинеските автобуси


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска му беше изречена условна казна затвор за кинеските автобуси.

Условната казна затвор од две години, освен Јанакиески, добија и уште две обвинети кои биле членови на комисијата за јавни набавки, а ваквата пресуда следеше откако претходно тие своеволно признаа вина за случајот „Дизајн“, кој е поврзан со набавката на 202 двокатни кинески автобуси.

Како што соопшти Кривичниот суд, условната пресуда од две години затвор нема да се реализира доколку тројцата обвинети во следните 5 години не сторат ново кривично дело.

Случајот се однесува за фаворизирање на кинеска фирма за набавка на двокатни автобуси, при што според обвинението државниот буџет бил оштетен за нешто помалку од 5 милиони евра.

На тогашниот директор на ЈСП, Игор Јанушев, кој е обвинет како член на комисијата за јавни набавки, ќе продолжи да му се суди, бидејќи тој не призна вина. Предметот го отвори сега веќе згаснатото СЈО.