Две години од крвавото Диво Насеље: Случајот и денес под превезот на мистеријата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Две години се навршуваат од настаните во кумановско Диво Насеље, кога во акција против вооружена група осум припадници на безбедносните сили ги загубија животите.

И до ден денес нема информација за тоа што точно се случи во Диво Насеље. Според една верзија, полицијата реагирала да неутрализира терористичка група која неколку месеци претходно веќе ја запоседнала кумановската населба и делувала како паралелна вооружена формација.

Според друга верзија, зад акцијата стои сценарио за одвлекување на вниманието на јавноста од бомбите кои во јавноста почна да ги објавува опозицијата, а кои говореа за корупцијата во власта.

Судската постапка е во тек, но повеќето обвинети тврдат дека се невини и дека станува збор за политички монтиран процес.

Случајот резултираше со оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и на првиот човек на УБК, Сашо Мијалков.