Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес се навршуваат точно две години од кобниот шести август, 2016 година, кога обилниот дожд кој го зафати Скопје и околината предизвика големи и катастрофални поплави во кои животите ги загубија 22 лица. Најпогодени од поплавите беа неколку скопски региони меѓу кои и населбите Стајковци и Ченто.
Жолтите линии кои беа обележани на ѕидовите од куќите сведочеа за висината која ја достигнала водата која носеше се пред себе. Жителите на најпогодените места се снаоѓале кој како знае и умее. Сите без исклучок се сеќаваа на секој детал, на секој агол кој го поплавила водата, како и на оние чии животи згаснаа.
Министерството за финансии исплати штети на поплавените лица, но сите кои претрпеа штети од поплавите го делат истото мислење, дека ниту едни пари нема да можат да им го надоместат преживеаното.
Невремето што се случи попладнето на 6 август во 2016 година донесе обилни врнежи и силен ветер, а најголема беше штетата во селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.
Тогаш наврнаа 92,9 литри дожд на метар кваратен во рок од 24 часа, а само во првите два часа од почетокот на невремето биле регистрирани повеќе од 800 громови.