Две години немале сон поради „гласовите од ѕидовите“ – еве што најдоа таму


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпански брачен пар две години немал мирен сон и не можеле како луѓе да се наспијат поради постојаните гласни звуци кои доаѓале од ѕидовите од нивниот дом.

По две години без сон и ненаспани, решиле да го урнат ѕидот во спалната и таму нашле огромно гнездо со пчели. Имало над 80.000 пчели, што живееле во ѕидот на нивната спална соба во гратчето Пинос Пуенте во близина на Гренада.

Тие го повикале локалниот пчелар , кому му требале седум часа за да ја извади кошницата, да ги осклободи пчелите и неповредени да ги врати во природа.

Според пчеларот, причина за ваквата појава се климатските промени и се помалиот број дрва, каде пчелите може да се населат.