Актуелно

Двајца тинејџери загинаа во сообраќајка кај струмичко Петралинци

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 15 години загинаа во сообраќајна несреќа која се случила десет минути по полноќ, а кобен беше влезот пред струмичкото село Петралинци.

На 12.08.2018 година околу 00.10 часот на влезот во с.Петралинци, општина-Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Алфа Ромео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.М. (28) од Струмица и мотоцикл на кој се превезувале две момчиња од с.Дрвош на возраст од 15 и 14 години. Во незгодата на местото починале двете момчиња.

На кобната клучка каде згаснаа два млади животи увид извршила екипата на СВР Струмица.

Телата на двете момчиња се предадени на обдукција.

Во дневниот билтен од МВР нема информација како се случила сообраќајката, односно кој ја предизвика.

Увидот на струмичката полиција треба да даде одговор на тоа прашање.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top