Двајца скопјани уапсени заради поседување дрога и муниција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Две лица од Скопје, во населбата Ѓорче Петров, на возраст од 25 и 32 години, беа уапсени од страна на полициските служби после извршениот претрес во домот на едното лице во споменатата скопска населба.

Како што информираат од МВР, во претресот на домот на 25-годишниот Д.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дигитална вага со остатоци од прашеста материја и куршуми од непознат калибар.

При претресот во куќата бил затекнат и 32-годишниот В.Т., кој исто така бил уапсен.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.