Двајца скопјани нападнати на булеварот „Јане Сандански“, едниот бил прободен со нож


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера во доцните вечерни часови во полиција било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје се забележани две повредени лица, од кои едното прободено со нож.

По интервенција на полицијата, било утврдено дека повредени се двајца скопјани на возраст од 28 години, пренесува „Макфакс“.

Едниот од нив со остар предмет бил прободен во пределот на градниот кош и со возило на брза помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки повреди.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.