Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Двајца повредени е билансот од експлозијата на печка на гас во погон на фирмата „Виталија“ во населбата Керамидница. Инцидентот се случил во 10.00 часот во саботата.
Повредени биле М.М. (49) од Скопје, и Х.М. (33) од с.Агино село-кумановско кои се здобиле со телесни повреди. Кај Н.Н.(42) и В.С.(54) не биле констатирани повреди, туку само бил предизвикан стрес. Повредите се констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје и Државен инспектор за труд.