Двајца повредени од огнено оружје во село Љубош – пукање имало и пред Градска болница каде биле префрлени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Две лица се повредени и пренесени во Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (поранешна Градска болница) откако во деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир, при што било употребено и огнено оружје, пренесува 360 Степени.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, денеска во 13:04 часот во СВР-Скопје било пријавено дека пред деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје.

Притоа, повредени се К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

„Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.

Како што објавија дел од медиумите, пукање имало и пред поранешната Градска болница во моментот кога двајцата повредени се хоспитализирале. Пред болницата се забележува зголемено присуство на полицијата.