Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Татко починал, а двајцата негови синови се повредени, но се надвор од животна опасност во пожарот што синоќа околу 22 часот избувнал во семејна куќа во село Локвица, Македонски Брод.
Како што информира МВР, пожарот во куќата во сопственост на С.С. (78) избувнал од засега непознати причини. Од последиците од пожарот починал сопственикот С.С., додека неговите синови Л.С. (50) и Т.С. (48) се здобиле со изгореници и биле пренесени во Медицински центар Прилеп и се наоѓаат надвор од животна опасност.
Куќата била целосно опожарена, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Македонски Брод.
Според најавите од полицијата, увид ќе се врши во текот на денов.