Двајца пијани дубровчани во ресторан го нападнаа актерот Џејми Фокс


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Последниве денови во Дубровник престојуваше холивудската ѕвезда Џејми Фокс, а кога не работеше на снимањето на филмот Robin Hood: Origins, со друштво времето го минуваше во дубровничките ресторани.

Но, при синоќешното уживање во хрватската храна и вино, во еден ресторан, Фокс беше нападнат од двајца пијани гости во ресторанот. А за целиот инцидент актерот проговори и на Инстаграм.

„Пијани Хрвати дојдоа до нашата маса и не нападнаа. Mothefucker, nigger, говореа“, ја опиша ситуацијата на Инстаграм Фокс.

Иако двајцата безобразници биле прилично незгодни, на Џејми и екипата тој инцидент не им го расипал расположението, а додека двајцата пијани гости ги ваделе надвор од ресторанот, тие се шегувале на нивна сметка.

Навистина негативна слика за славното туристичко место.