Двајца осомничен за крвавиот собраниски четврток од домашен притвор одат во Шутка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Паднаа првите одлуки на кривичниот совет кој одлучуваше по жалбите за притворите за осомничените поврзани со 27 април. Првичните неофицијални информации велат дека за двајца од осомничените е одлучено од куќен притвор да бидат пренесени во истражниот затвор Шутка.

Овие одлуки доаѓаат по жалбите на обвинителството кое бараше притвор за 36 лица осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Се работи за поранешен началник во МВР кој пред неколку месеци беше суспендиран токму поради непостапувањето за време на 27 април, и еден вработен во Собранието. Ова засега го брифираат извори од истрагата кои побараа да останат анонимни. Нашите сознанија од обвинителството се дека одлуките на Кривичниот совет се уште не се пристигнати до нив.

Официјална потврда нема од Кривичен, ни од Обвинителство, а информацијата не ја потврдуваат ниту од МВР. Повеќе медиуми веќе објавија дека осомничените уште вечерва ќе бидат пренесени во Шутка. Според најавите, се очекува деталите да бидат објавени утре од скопска единица, каде што по жалбите одлучуваше Кривичен совет.