Home Актуелно Двајца напаѓачи убиле во човек пред банка во Ливерпул, а потоа избегале со електрични велосипеди

Двајца напаѓачи убиле во човек пред банка во Ливерпул, а потоа избегале со електрични велосипеди

Полицијата во Ливерпул трага по две лица кои застрелаа млад човек пред банка, а потоа избегаа од местото на настанот со електрични велосипеди.

Маж во раните дваесетти се здобил со прострелна рана во горниот дел од телото. Набрзо пристигнала брзата помош која веднаш го пренела младиот човек во болница, но и покрај напорите на лекарите тој за жал починал.

Полицијата смета дека станува збор за двајца напаѓачи, кои биле облечени во темна облека, а очевидци ги виделе на лице место додека се оддалечувале со електрични велосипеди.

– Истрагата е во тек и нашите службеници напорно работат на расветлување на злосторството и откривање на напаѓачите – изјавил главниот инспектор, пренесува Sky news.

Тој додаде дека во градот се зголемени полициските патроли.

– Би замолил секој кој има некаква информација да се обрати во најблиската полициска станица, пренесе Телеграф.рс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…