Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Двајца мртви и двајца потешко повредени е билансот од сообракајната несрека што рано утринава се случи на регионалната делница Штип кон Радовиш, кај село Лакавица.
Околу 6:40минути кога од засега непознати причини патничко возило Фолксваген Шаран во кое се превезувале четворица градежни работници излетало од патот,удрил во брегот и се превртело. Патниците во автомобилот биле од Кривопаланечко и работеле на градежен објект во Струмица.
Возачот на Шаранот е задржан во штипската болница, а 55годишниот сопатник со скршеници на ребрата е транспортиран на клиниките во Скопје.
Излезот од штипското село Лакавица е позната црна точка на оваа делница.Патот е тесен, кривината лоша, а возачите често пати не ја почитуваат патната сигнализација,коментираат мештаните кои бараат почести полициски контроли.
Телата на починатите се дадени на обдукција, извршен е увид на лице место,по што ке се утврдуваат причините за несреката.инаку од јануари до сега на оваа делница се регистрирани девет сообракајни несреки без жртви.