Двајца Македонци се загинаа на Ниџе, накај Кајмакчалан


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според тоа што е пријавено околу 3 часот утрово, на планината Ниџе од страна на Република Грција се губи трагата на двајца планинари, жена и маж, кои биле во поголема група.

По дојавата, почната е постапка за нивно откривање, во која покрај македонската страна се вклучени и грчките погранични служби. Македонското МВР нивните мобилни телефони ги лоцирало на 100 метри од државната граница во македонска територија и не знаеме каква е нивната состојба.

Активирана е Хеликоптерската единица на МВР, а потрагата на терен од утрово се одвива многу отежнато, поради густа магла, соопштија од МВР за „Мета“.

„Медиумите објавуваат на своја одговорност, она што можам сега да го кажам е дека наскоро ќе ве контактирам со проверени информации“, изјави за „Мета“ Ивица Илиевски, од МВР за случајот за кој медиумите известијата претпладнево.