Двајца кумановци фатени како ограбуваат куќа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Двајца кумановци на возраст од 23 и 24 биле фатени на лице место додека извршувале грабеж во една куќа во Куманово.

МВР соопшти дека двајцата се уапсени во дворот од куќата синоќа по полноќ, на улицата „Народна револуција“ во Куманово.

Покрај нив биле пронајдени предмети од куќата, кои им биле одземени, заедно со возилото кое го управувале.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.