Двајца хоспитализирани во Хрватска со симптоми на коронавирус – се чекаат резултати од испитувањата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Две момчиња за кои лекарските експерти се сомневаат дека се заразени со коронавирус се примени во општата болница во Винковци, јавуваат хрватските медиуми.

И двајцата хоспитализирани се хрватски државјани што работеле во Кина, момчиња родени во 1996 и 1997 година, пренесува Индекс.

Директорот на болницата, Крунослав Спорчиќ, рече дека едниот пациент во неделата имал покачена температура, а другиот има респираторни проблеми.

„Ги зедовме сите примероци, чекаме потврда дали станува збор за коронавирусот или не. Според клиничката слика, попрво би рекле дека не е отколку дека е. Тие се изолирани, преземени се сите мерки, нема сериозна закана за јавното здравство“, рече Спорчиќ на вонредна прес-конференција.

Според него, болницата во Винковци нема можност за тестирање, па примероците биле испратени во Загреб, а резултатите се очекуваат утре.