Двајца гостиварски тинејџери повредени откако со мотоцикл удриле во ѕид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Две момчиња се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила во селото Беловиште, гостиварско.

Како што информираат од МВР, момчињата се возеле на мопед на четири тркала по локален пат и откако 17-годишниот возач загубил контрола удриле во ѕид од куќа. Од силината на ударот, заедно со совозачот и мопедот се превртеле.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на рака и повреди на главата) и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил и сопатникот Р.М. (18) од село Чајле, кој бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар.

Со овластување на Јавен обвинител, увид извршила полициска екипа, а причините и околностите на несреќата дополнително ќе се утврдуваат.