Два земјотреси утрово почувствувани во Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Македонија утрово беа регистрирани два земјотреси со јачина од 2,6 и 2,7 степени според Рихтер.

Според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар првиот земјотрес е регистриран во 8 часот со јачина од 2,6 степени на пет километри од Карбинци.

Вториот земјотрес бил почувствуван 15 минути подоцна со епицентар на 7 километри од Кочани и јачина од 2,7 степени.