Два тона марихуана кои беа украдени во Јосифови, вчера беа најдени и запленети во Арачиново


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Големата количина од два тона марихуана која минатиот четврток беше украдена од погон во село Јосифово, валандовско, вчера беше откриена и запленета во скопското село Арачиново, пренесе ТВ Телма по синоќешната полициска акција во тој дел од главниот град.

Претходно, ТВ 21 објави дека оклопни возила се наоѓаат пред селото Арачиново. Неофицијално, запленета е голема количина на дрога и оружје.

Извори од полицијата потврдија за медиумите дека е најдена украдената марихуана и дека ќе следуваат повеќе информации.

Вчера во Арачиново повеќе десетици полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните и посебните полициски сили, како и инспектори од крим-техника ја реализирале оваа акција.