Два терористички напади на џамии во Нов Зеланд – најмалку 40 загинати


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во два терористички напади со пукање во две џамии на Нов Зеланд животот го загубија најмалку 40 лица, а најмалку 20 се сериозно повредени.

Според сведоците, барем едно лице отворило оган од автоматско оружје кон луѓето што дошле да се молат во џамиите.

Уапсени се четири лица (тројца мажи и жена). Еден од напаѓачите е идентификуван како Брентон Тарант, а медиумите објавија дека на својот фејсбук-профил тој во живо го пренесувал нападот, кој самиот го квалификувал како терористички.

Полицијата деактивирала неколку импровизирани експлозивни направи што биле закачени на моторни возила.

„Напаѓачот упадна во џамијата Масџид Ал Нор десетина минути по почетокот на молитвата и отвори оган. Тој истрела десетици, ако не и стотици куршуми. Белец е, со руса коса, низок раст, носеше шлем и панцир”, изјавил очевидецот Ахмад ал-Махмуд, изјави сведокот Ахмад ал Махмуд за новозеландскиот канал Стаф.

Второто пукање се случи во Линвуд Масџид, каде што сведок изјави дека видел човек во маскирна опрема и шлем за мотоцикл како ја напушта џамијата, додека според непотврдени информации, бомба била пронајдена на блиската Стрикленд авенија.

Локалните муслимани, наводно, го бркале вооруженото лице од Линвуд џамијата, истрелувајќи два куршуми додека бегал.

Четири осомничени во моментов се во притвор, меѓу кои и една жена, а објектите остануваат затворени, додека полицијата ги повика џамиите во Нов Зеланд да ги затворат вратите до крајот на денот. За еден од приведените е потврдено дека е австралиски државјанин.

„Сакам да побарам од секој што мисли да оди во џамија денес каде било во Нов Зеланд, да не оди“, рече комесарот Мајк Буш.

„Јасно е дека ова е еден од најмрачните денови на Нов Зеланд“, рече премиерката Јасинда Ардерн на прес-конференција.

Се појави снимка како полицијата со своето возило удира друго возило и апси еден од напаѓачите.

Еден од напаѓачите е идентификуван како Брентон Тарант, а медиумите објавија дека во живо го пренесувал нападот на својот Фејсбук профил, за кој тој самиот истакнал дека е од терористичка природа.

Нападот резултираше со највисок број на жртви од насилство со оружје во поновата историја на нацијата.

Три најголеми интернет-провајдери на Нов Зеланд, Спарк, Водафон и Вокус, објавија дека го блокираат пристапот на корисниците до трите веб-страници лоцирани надвор од земјата што сè уште ја пренесуваат снимката во живо од нападот.

Извор: Мкд.мк