Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација со победа ќе патува на Европското првенство во Хрватска, откако вечерва во салата на Бањица во Белград, ја победи домашната Србија со 29-32 (13-14).
Репрезентативците имаа одличен ден и одличен натпревар така што Раул Гонзалес може да биде задоволен од нападот каде имаше над 30 гола, а може да биде и од одбраната каде што можеше да провери поголем број на ракометари и да види на кои играчи може да смета за шампионатот.
Од она што можеше да се забележи, напредокот во играта е очигледен, а силна репрезентација како Србија да се победи на гостински терен во никој случај не е мала работа. Сепак, за очекување е уште подобро издание на нашите избраници за осум дена, кога почнуваат вистинските предизвици, дуелите со Словенија, Црна Гора и Германија во групата Ц од Европското Првенство, пишува Спортски.мк.