Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дубаи планира да вложи 1,7 милијарда долари во проектот за пополнување на два вештачки острова од двете страни на луксузниот хотел „Бурј Ал Араб“. Новиот мегапроект е наречен „Марса Ал Араб“ и подразбира градење одморалиште, кое би требало да го зголеми бројот на посетителите на Обединетите Арапски Емирати на 20 милиони годишно.
Тоа е дел од подготовките за светската изложба World Expo, која во 2020 година ќе се одржи во Дубаи. Изградбата на двата нови острова би требало да почне во јуни оваа година, а завршувањето се планира кон крајот на 2020 година.
„Марса Ал Араб“ ќе се простира на површина од околу 370.000 метри квадратни и на досегашниот брег ќе бидат додадени 2,2 километри плажа. Еден остров ќе биде посветен на забава и семеен туризам, додека другиот остров ќе биде место за луксузно одморалиште.
Новиот амбициозен проект ќе опфаќа и приватно пристаниште, јахт клуб, рекреативни атракции, ресторани и кафулиња, хелиодром, хотел, огромни продажни простори и 300 апартамани со поглед на море.
Станбениот остров ќе биде лоциран лево од познатиот вештачки остров Бурј Ал Араб Џумеирах и ќе понуди 140 луксузни вили.