Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рибарите од јужното албанско гратче Химара, во своите мрежи уловија ајкула долга два метра а тешка над 100 килограми.
Ова е втор случај на уловена ајкула од овој вид во водите на Јонско Море кај Химара. Претходно беше уловена ајкула со должина од четири метри и тешка околу 412 килограми, што е најголема уловена ајкула во земјата, пренесува „Независен“.
Ајкула од овој вид беше уловена и од мрежите на албанските рибари од приморскиот град Валона на околу три милји од островот Сазан. Пленот беше долг три метри а тежок околу 100 килограми.
Според биолозите, ајкулите од видот „дем“ се на второ место по опасност по белата ајкула.
Во последно време се почести се случаите албанските рибари во своите мрежи меѓу пленот да најдат и ајкула.
Тежната на уловените ајкули се движи од 100 до 400 килограми, а месото завршува во угостителските објекти.