Два едноставни совети како оралниот секс да го направите повозбудлив и подобар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако овие два совети можеби ќе ви звучат предвидливо, сепак, во суштина и тоа како се корисни.

Оралниот секс е „дисциплина“ која многу луѓе ја обожаваат, но исто така, постојат и такви на кои баш и не им е омилен и најпривлечен дел од интимата со партнерот. За оние кои го сакаат, можеби е прилично важно да ги знаат овие две работи за истиот да им биде најдобро можно сексуално искуство, а не само дел од предиграта кој ќе се направи колку само за да се направи.

Еве како оралниот секс да го направите уште подобро и повозбудливо искуство.

Несебичноста е исклучително важна

Во моментот кога ќе го избришиме од глава муабетот „ова го правам затоа што морам“ и го вметнеме „ова го правам затоа што сакам“, сè ќе биде многу поубаво и попријатно.

Кога оралниот секс го практикуваме за партнерот или партнерката да ги направиме посреќни и ние се чувствуваме подобро и позадоволно, а токму таа несебичност е клучот за најголемо уживање во оралниот секс.

Сетете се на ова следниот пат кога ќе бидете интимни со партнерот/партнерката и двајцата ќе уживате.

Орален секс само „ради реда“ е погрешен пристап – свртете се кон емоциите

Ако даваш орален секс само за да го дадеш и да завршиш со тоа, во старт правиш нешто погрешно. Ако оралниот секс како таков не ти се допаѓа, твојот партнер/партнерка ќе преживее и без него. Но, ако го правиш тоа ради реда, тогаш подобро воопшто не прави го.

Без искреност и емоции ништо нема да биде спектакуларно, а партнерите можат да ја почувствуваат таа неискреност и поради тоа целото искуство ќе ви биде „онака, ок“ или катастрофално.

Таа неискреност води до одвратности презир, емоции кои никој не ги посакува во креветот, па треба и во тој најобичен орален секс да се најде нешто посебно, нешто убаво. На тој начин, цело искуство ќе биде одлично и незаборавно, а не катастрофално.

Ако оралниот секс како уживање и задоволство не ви одговара – воопшто не практикувајте го. Тоа е сосема во ред.