Дузина совети како да бидете поиздржливи при физичките вежби за тело


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Програмата на Адам Гилберт, која е достапна на интернет, им помага на луѓето кои имаат проблем со истрајност при држењето на диети и вежбањето и ги мотивира да се потрудат да ја исполнат желбата да ја намалат својата телесна тежина.

Тој веќе 10 години ги учи луѓето да развијат здрави начини на однесување и вежбање. Особено се занимава со психолошките причини поради кои луѓето не вежбаат толку колку што знаат дека е потребно доколку сакаат да ослабат.

Дванаесет совети на Адам за кои вели дека им помогнале на многубројни негови клиенти:

1.Почнете со кратки вежби.

Вежбите треба да бидат подносливи. Кога почнувате со вежбање немојте да се префорсирате. Десет минути вежби кои навистина ќе ги направите се подобри од „совршено“ вежбање кое ќе го избегнете.

2.Држете се до правилото „10 минути“.

Најтешко е да се почне. Поради тоа започнете со вежбање од 10 минути. Ако ви е тоа доволно и сакате да престанете, можете. Луѓето меѓутоа тогаш најчесто се чувствуваат добро, па често продолжуваат со вежбањето.

3.Вежбајте со нешто омилено.

Слушајте ја омилената музика додека вежбате или вежбајте гледајќи ја омилената емисија или серија.

4.Сфатете го туширањето како награда.

Туширајте се секој ден, па така и вежбајте секој ден. Туширањето позитивно влијае на телото по вежбањето.

5.Немојте да се префорсирате.

Прекинете со вежбањето пред целосно да се исцрпете. Дури и ако уживате во вежбите престанете додека се чувствувате добро.

6.Не го прескокнувајте понеделникот.

Вежбањето во понеделник го одредува ритамот на вежбањето во текот на целата недела. Доколку го прескокнете понеделник, тогаш многу лесно ќе најдете изговори за да прескокнете и некој од наредните денови.

7.Забавувајте се.

Многу луѓе одат во вежбални со прашањето што треба да прават наместо да размислуваат на начин што би сакале да прават. Најдобрата диета и најдобрите вежби се оние на кои се придржуваме. Пробајте повеќе работи, истражете што најмногу ви се допаѓа, а најдете го она што најмногу ви одговара.

8.Почитувајте го вашето време.

Усогласете ги своите вежби со останатите обврски и трудете се да не потклекнувате на искушенијата во времето што ви е дадено за вежбање да правите што било друго.

9.Не правете ништо.

Доколку имате некое непланирано слободно време, трудете се да избегнувате губење време на Фејсбук или Инстаграм. Едноставно седете и не правете ништо. Кога себеси ќе се доведете пред избор да не правите ништо или да вежбате, вежбањето најчесто ќе победи.

10.Идентификувајте ги проблемите.

Доколку се плашите или се чувствувате непријатно поради нешто додека вежбате, пробајте да одите во вежбална кога е најмалку посетена. Неколку тренинзи со професионален тренер ќе ви помогнат да се ослободите од стравот.

11.Држете се до правилото еден ден.

Можете да прескокнете еден ден, но никако немојте два дена еден по друг. Секоја поголема пауза го отежнува враќањето во ритамот на вежбањето.

12.Вежбајте за да се релаксирате.

Осумдесет отсто од слабеењето е диетата, односно што, зошто и како го јадете. Некои луѓе поминуваат месеци во вежбални со минимален резултат. Размислувајте за вежбањето како најсигурниот начин да се ослободите од стресот и да се релаксирате.