Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако пред неколку дена доживеа мозочен удар и беше хоспитализиран со здравствено влошување, по што падна во кома, лидерот на групата „Дисциплина кичме” Душан Којиќ – Која се разбуди од коматозна состојба.
Басистот, пејач, композитор и водач на рок групата „Дисциплина кичме” Душан Којиќ Која (58) претрпе мозочен удар во Велика Британија, по што веднаш беше примен во тамошна болница, а лекарите го ставија во индуцирана кома со цел на мозокот да му се даде време за опоравување.
Која е присутен на музичката сцена четири децении, и тоа прво со групата „Шарло акробата”, а потоа и со „Дисциплина кичме”, која ја основаше во 1981 година. Познат е како автор на хитовите „Тата и мама”, „Сви за мном”, „Ја имам шарене очи”, „Немој да бацаш бетонске табле са врха твоје зграде” и многу други, а ја компонираше и музиката за култниот филм „Како је пропао рокенрол”.
Последниот студиски албум Дисциплина кичме го објави во 2016 година, под наслов „Опет”.