Дурловски си поднесе оставка од пратеничката функција


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Преку Фејсбук статус кој го сподели вчера на социјалната платформа, пратеникот Игор Дурловски ја информираше јавноста дека го напушта Собранието и си дава оставка од пратеничката функција.

„Националните интереси, правдата за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотелја боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, кои сум сигурен дека ги имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам, а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас. Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба“, напиша Дурловски на Фејсбук.

Дурловски беше носител на пратеничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, а во Собранието се најде на листата на независни пратеници.