Дурловски: „После подолго време се враќам на сцената на МОБ“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Оперскиот пејач Игор Дурловски на 19 мај ќе, со настапот на Мајските оперски вечери во операта „Турандот“, ќе го има своето враќање на музичката сцена. Ова ќе биде негов прв настап по ослободувањето од притвор.

„По подолг период, се враќам на сцената на МОБ, повелете!“, напиша Дурловски на „Фејсбук“.

На поранешниот директор на МОБ, кој е обвинет за упадот во Собранието на 27 април минатата година, во ноември лани му беше определена мерка притвор во затворот во Шуто Оризари. По три месеци, тој беше пренесен во куќен притвор. Во март Врховниот суд му го укина притворот.