Home Спорт Дури и реаловиот весник Марка го оцрни судијата – му даде оценка НУЛА!

Дури и реаловиот весник Марка го оцрни судијата – му даде оценка НУЛА!

Весникот „Марка“ е еден од највлијателните шпански медиуми и традиционално е наклонет кон Реал Мадрид, но не пропушти да го коментира катастрофалното судење синоќа на „Сантиаго Бернабеу“.

„Марка“, секогаш го следи Реал, десетина новинари се задолжени да ги следат само случувањата во „кралскиот“ клуб. Весникот секогаш ја држел страната на Реал, но не можеше и не сакаше да не го види лошото судење на Виктор Касаи.

Мадридскиот весник арбитражата на Унгарецот ја оцени со нула, а со образложението за оценката буквално го растури Касаи.

„Грешеше во носењето на сите клучни одлуки. На Видал не му го покажа вториот жолт картон кога требаше, а му покажа жолт, кој значеше црвен картон, за нешто што не го направи. На Каземиро требаше да му покажа и втор жолт картон, но не го направи тоа. Головите на Кристиано Роналдо за 2:2 и 3:2 се постигнати од офсајд“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…