Дури и да победи Бајден, тоа не ги прави Демократите победници на овие избори во САД


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Позицијата на Бајден изгледа зезнато, дури и да победи“ пишува Политико потсетувајќи дека без разлика на конечниот исход од претседателските избори, Трамп и натаму ја држи половина Америка. А Демократите се надеваа дека ќе го столчат на ниво кое ќе им дадеше залет за посакуваната детрампизација на земјата.

И да победи Бајден, тоа нема да биде победа со каква што во 1980 година Реган го спречи Картер да земе втор мандат и да ја започне новата ера на конзервативизмот. Малку сигнали се и дека евентуално победничкиот Бајден ја има ребрендирано Демократската партија и нејзината компетитивност како што тоа го стори Бил Клинтон победувајќи го Буш постариот во 1992 година или пак дека има сила за широка коалиција на начин кој го изведе Обама во 2008 година.

„Бајден ја изгуби почвата кај црните и латино гласачи иако малку се поправи кај белите,“ пишува медиумот потсетувајќи дека ова не се избори само за претседател туку и за Сенатот, трка во која Демократите вложија огромни пари а резултатите им се крајно незадоволувачки (дури и Крис Куомо од CNN запраша што ли ќе прават кога донаторите ќе им кажат, што направивте бре?).

За да го земат Сенатот, на Демократската партија ќе им треба да го опфатат целиот демократски блок (Сандерс и Манчин) и плус најмалку 10 Републиканци. Во спротивно, главниот плејмејкер останува вештиот сенаторски лидер на Републиканците, Мич МекКонел (фото горе), а Бајден ќе биде првиот претседател во последниве 32 години кој нема контрола на Конгресот.

Но, изборите не беа ни само за тоа. Во игра се и многу суштински закони, како на пример калифорнискиот „рамковен договор“ кој ќе ја поништи неутралноста во поглед на расата и ќе дозволи таканаречена позитивна дискриминација при вработување и образование.